ЈАПОНСКИ ТАКСИСТ УАПСЕН ЗАШТО НАМЕРНО ПРЕГАЗИЛ ГУЛАБ

    ЈАПОНСКИ ТАКСИСТ УАПСЕН ЗАШТО НАМЕРНО ПРЕГАЗИЛ ГУЛАБТаксистот рекол дека намерно возел кон птиците зашто патиштата се за луѓето (Фото: Шатерсток)

    Полицијата на Токио уапси таксист под сомнение дека намерно возел кон јато гулаби, убивајќи еден од нив. Педесетгодишниот Ацуши Озава бил уапсен зашто прекршил закони за заштита на дивиот свет.

    Тој го употребил своето возило за да убие гулаб, кој не бил дивеч“, изјави портпаролот на токиската полиција.

    Како што објавија локалните медиуми, Озава изјавил во полиција дека намерно возел кон птиците зашто патиштата се за луѓето.

    На гулабите им останува да ги избегнуваат автомобилите“, рекол тој.

    Додека ограничен број диви гулаби може да се лови легално во Јапонија, нивните урбани роднини можат да се убиваат само ако се докаже дека вознемирувале, како што е предизвикување штета на посевите, и тоа само со одобрение од локалните власти.

    Инцидентот со таксистот го пријавил случаен минувач. Тој го забележал таксистот како забрзува на семафор, удирајќи во птиците со брзина од 60 километри на час, јавуваат јапонските медиуми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира