ЈАС СУМ ЖРТВЕНО ЈАГНЕ НА ФЕЈСБУК, ВЕЛИ НАУЧНИКОТ КОЈ ГО СОЗДАЛ КВИЗОТ ПРЕКУ КОЈ БИЛЕ СОБРАНИ ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕ

    ЈАС СУМ ЖРТВЕНО ЈАГНЕ НА ФЕЈСБУК, ВЕЛИ НАУЧНИКОТ КОЈ ГО СОЗДАЛ КВИЗОТ ПРЕКУ КОЈ БИЛЕ СОБРАНИ ПОДАТОЦИТЕ НА КОРИСНИЦИТЕСвиркачот од „Кембриџ аналитика“ откри дека биле злоупотребени личните податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук (Фото: АП)

    Психологот кој ја креирал апликацијата преку која биле собрани и злоупотребени личните податоци на 50 милиони корисници вели дека е жртвено јагне на Фејсбук и на компанијата „Кембриџ аналитика“.

    Александр Коган ја завршил соработката со „Кембриџ аналитика“ во 2014 година, но тврди дека не знаел дека податоците ќе се користат во полза на претседателската кампања на Доналд Трамп.

    Тој кажа дека податоците му требале за да добие модел на човечкото однесување на социјалните мрежи. Од Фејсбук велат дека тој ги нарушил правилата на мрежата.

    Истражувачот од универзитетот Кембриџ развил квиз, наречен „Ова е вашиот дигитален живот“, во којшто доброволно учествувале 270.000 корисници на Фејсбук. Сепак, освен нивните, на овој начин биле собрани и личните податоци на нивни пријатели.

    Како што откри свиркачот од „Кембриџ аналитика“, Кристофер Вајли, станува збор за 50 милиони луѓе, главно од САД, чии податоци биле анализирани од компанијата.

    „Вчудовиден сум од обвинувањата против мене, затоа што ми беше кажано дека апликацијата е целосно легална и во рамките на правилата. Од последните настани добив впечаток дека ‘Кембриџ аналитика‘ и Фејсбук ме имаат искористено како жртвено јагне. Најголемата грешка што ја направив е што не поставив доволно прашања“, вели Коган.

    Според Вајли, податоците потоа ѝ биле продадени на „Кембриџ аналитика“, која направила психолошки профил на луѓето, на кои потоа им бил праќан предизборен материјал на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира