КАЛИФОРНИЈА ЌЕ ГЛАСА ЗА ПОДЕЛБА НА ТРИ ДРЖАВИ

    КАЛИФОРНИЈА ЌЕ ГЛАСА ЗА ПОДЕЛБА НА ТРИ ДРЖАВИАко иницијативата освои мнозинство гласови, ќе се добијат државите Северна Калифорнија, Јужна Калифорнија и Калифорнија

    Предлогот на милијардерот Тим Дрејпер Калифорнија да се подели на три држави доби зелено светло и за него ќе се гласа паралелно со изборите во ноември.

    Доколку оваа иницијатива добие мнозинство гласови, со тоа ќе почне долг процес на поделба на Калифорнија на северна, јужна и на централна држава.

    Тој водеше ваква кампања во последните шест години и неговиот првичен план предвидуваше поделба на шест региони.

    Ова ќе биде првпат во последните 150 години да се стави вакво прашање на гласање во САД, односно од 1863 година, кога Западна Вирџинија се оддели од Вирџинија.

    Дрејпер собрал повеќе од 400.000 потписи за својата иницијатива, која предвидува поделба на Калифорнија на три нови држави: Северна Калифорнија, Јужна Калифорнија и Калифорнија, во која би влегол и Лос Анџелес.

    „Ако има три држави, тоа ќе значи подобра инфраструктура и образование и помали даноци“, смета Дрејпер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира