КАРОЛИНА КАКО КРАЛСКА ЛАВИЦА НА КОНЦЕРТИТЕ СО НАКИТОТ НА „РЕБЕКА“

    КАРОЛИНА КАКО КРАЛСКА ЛАВИЦА НА КОНЦЕРТИТЕ СО НАКИТОТ НА „РЕБЕКА“„Од пред неколку месеци сум заштитно лице на брендот ’Ребека’ кој ми се допаѓа и често го носам и приватно, а најдов и парчиња кои одлично се вклопија во мојот целосен изглед на концертите со Македонската филхармонија”, изјави Каролина (Фoто: Ф. Вирановски и С. Рајхл)

    Македонската поп ѕвезда Каролина изминатиов викенд одржа два одлични концерти во Македонската филхармонија, а на 20 и 22 февруари ја очекуваат уште два.

    Изведувајќи ги песните од проектот „Македонско девојче“, „Извор“ и некои од најубавите песни од претходните албуми, Каролина блесна во живо, во парчиња од италијанскиот накит „Ребека“, чие заштитно лице е таа, како и во стајлингот на Цаци Паковска.

    Фoто: Ф. Вирановски и С. Рајхл

    На концертот во саботата носеше ланчиња од колекцијата „Lucciole“ а на вториот обетки и белегзија од колекцијата „Lion queen“.

    „Од пред неколку месеци сум заштитно лице на брендот ’Ребека’ кој ми се допаѓа и често го носам и приватно, а најдов и парчиња кои одлично се вклопија во мојот целосен изглед на концертите со Македонската филхармонија”, вели Каролина.

    Новата „Lucciole“ колекција е изработена од  сребро и кристали кои даваат гламурозен изглед. Тенките сребрени синџирчиња збогатени со мали кристали во транспарентна и црна боја се врвен тренд во модата, а парчињата од оваа колекција се задолжителни за трендовските дами.

    „Идеални за секојдневни комбинации или за свечени пригоди“, велат од луксузниот бренд.

    Фoто: Ф. Вирановски и С. Рајхл

    Громогласен гламур е најсоодветниот опис на новата „Lion Queen“ колекција која асоцира на сјајот на средновековниот накит на елегантен, а сепак современ начин. Иконичниот мотив на кралскиот лав е претставен на медалјоните од позлатено сребро со специјална техника на полирање и патинирање. Античката привлечност на колекцијата е совршена за уникатни, препознатливи, силни и шармантни дами кои на својот секојдневен или гламурозен изглед сакаат да додадат бохо-шик нота.

    Фoто: Ф. Вирановски и С. Рајхл

    Луксузната продавница за италијански накит „Ребека“ беше отворена лани во ноември, со ВИП гости, дипломати,  бизнисмени, поп-ѕвезди, спортисти и стилисти во скопскиот трговски центар „Рамстор“. На отворањето дојде и сопственичката на брендот, Ребека Тести, која ни рече дека компанијата пред 20 години ја основал нејзиниот татко, кој е и дизајнер, а таа сега е одговорна во делот за маркетинг, извоз, но и за дизајнот. Партнерка во Македонија е Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим.

    Седиштето на компанијата се наоѓа на 20 минути од Фиренца, и Тести вели дека тие имаат 100 отсто производство во Италија, сѐ се прави во самиот објект, од производство до пакувањето за извоз.

    Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов со италијанско-македонските партнерки за брендот „Ребека“, Ребека Тести и Ива Милошевска (Фото: К. Попов)

    „Нашите три основни вредности се страст, мода и дизајн ‘мејд ин Италија”. Дизајнот е она што нѐ разликува од другите произведувачи. Ние сме лесно препознатливи, ги следиме најновите трендови, модни ревии и навистина се грижиме за дизајнот и стилот на накитот“, вели италијанската дизајнерка.

    Брендот „Ребека“ има отворено продавници во Љубљана и во Загреб, а за предизвикот да отворат претставништво во Скопје, Тести вели: „Предизвикот е понекогаш е сакаш да ги рашириш крилјата, да отвораш нови продавници во нови земји, но важно е да ги одбереш вистинските партнери. Ние со Ива и со нејзиното семејство градиме одлична врска“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира