Француската актерка Катрин Денев е хоспитализирана во болница во Париз, откако имала мозочен удар, соопшти нејзиното семејство.
Според соопштението од нејзиниот агент, Денев нема оштетувања на нејзините моторички способности, но стои дека ќе ѝ треба време за да се закрепне.
Легендата на францускиот филм, 76-годишната Денев е најпозната по улогата во филмот „Убавицата на денот“ од 1967. Изминативе недела таа снимаше нов филм со режисерката Емануел Берко.
Француската дива има работено со водечките европски режисери како Роман Полански, Андре Тешин и Ларс фон Трир.
Денев во 2012 беше специјална гостинка на Интеранационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола каде доби Златна камера 300 за придонес во светската уметност.