КЕНГУР УБИ АВСТРАЛИЕЦ ВО ПРВ ТАКОВ ИНЦИДЕНТ ОД 1936 ГОДИНА

    КЕНГУР УБИ АВСТРАЛИЕЦ ВО ПРВ ТАКОВ ИНЦИДЕНТ ОД 1936 ГОДИНААвстралија е дом на околу 50 милиони кенгури (Фото: Гети)

    Седумдесет и седумгодишен Австралиец починал откако бил нападнат од кенгур што го чувал како миленик. Тој бил пронајден тешко повреден во својот дом во Редмонд, 400 километри јужно од Перт, а како дошле лекарите, кенгурот ги спречувал да му помогнат.

    Полицијата соопшти дека била принудена да го убие животното за да можат лекарите да дојдат до повредениот маж, кој бил прогласен за мртов на самото место.

    Австралија е дом на околу 50 милиони кенгури, кои можат да пораснат до два метра и да тежат до 90 килограми. Сепак, нападите со смртни последици се исклучително ретки и последниот таков случај во Австралија бил регистриран во 1936 година.

    „Кенгурите имаат многу оружја, како остри заби, канџи и моќни нозе. Ако се почувствуваат загрозено, можат да бидат многу опасни“, изјави експертот за кенгури Грем Коулсон.

    Оваа година, во инциденти со кенгури биле повредени и 67-годишна жена и тригодишно девојче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира