„КЕШБЕК ВОРЛД“ РЕВОЛУЦИЈА – ВРАЌАЊЕ ПАРИ ПРИ СЕКОЕ КУПУВАЊЕ

    „КЕШБЕК ВОРЛД“ РЕВОЛУЦИЈА – ВРАЌАЊЕ ПАРИ ПРИ СЕКОЕ КУПУВАЊЕ

    „Кешбек ворлд“, најголемата куповна заедница на светот со повеќе од осум милиони членови, направи револуција со можноста за враќање пари при секое купување.

    „Кешбек“ е достапен и во Македонија, каде што има повеќе од 650 партнери на 1.400 локации и овозможува ново шопинг-искуство. Со секое купување, назад може да се добие до 5% од износот на пазарењето. Износот се исплаќа директно на банкарската сметка на членот, секој вторник, по акумулирани 200 денари.

    Секој член на „Кешбек ворлд“ добива уникатна и бесплатна Кешбек картичка, што е едноставна за користење и притоа е прифатена во сите трговски сектори низ целиот свет. Покрај многубројните партнери во Македонија, членовите имаат можност и за онлајн купување.

    „Кешбек ворлд“ на глобално ниво ги спојува и ги зближува купувачите и трговците. Купувачот добива предности и враќање на парите, а трговецот лојални купувачи, повеќе промет и е дел од мрежа што овозможува многу придобивки. Трговците се дел од „Кешбек солушнс“, програма што нуди долгорочно партнерство, напредни решенија за лојалност, нови и лојални потрошувачи и зголемување на прометот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира