КИМ ЏОНГ-УН ОТВОРИ НОВ ГРАД И ГО НАРЕЧЕ СИМБОЛ НА МОДЕРНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА

    КИМ ЏОНГ-УН ОТВОРИ НОВ ГРАД И ГО НАРЕЧЕ СИМБОЛ НА МОДЕРНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈАСамџијон содржи нови станбени згради, хотели, стадион и зимски центар (Фото: АФП)

    Северна Кореја организираше голема прослава по повод отворањето на нов град, кој важи за клучен градежен проект на Ким Џонг-Ун. Тој е сместен во близина на светата планина Паекту, од каде што наводно потекнува семејството на Ким, а државните медиуми го нарекоа „олицетворение на модерната цивилизација“.

    Ким лично ја пресече црвената лента, прогласувајќи го за отворен градот Самџијон, кој содржи нови станбени згради, хотели, стадион, зимски центар и комерцијални, културни и медицински установи. Простирајќи се на „илјадници хектари“, тој треба да биде дом на 4.000 семејства.

    Самџијон, замислен како социјалистичка утопија, е една од најголемите економски иницијативи што ги лансираше Ким, во ситуација кога мнозинството Севернокорејци живеат во бедни услови.

    Ким пред две години го најави проектот, но Самџијон не е целосно нов град, бидејќи тој веќе постоел на тоа место и државната телевизија КЦНА објави дека поминал низ драстична промена. Засега е непознато дали некој се вселил во градот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари