Климатските промени влијаат на прекуокеанските летови да бидат потурбулентни, покажа истражувањето за влијанието на глобалното затоплување врз авионските струи. Авионските струи се моќни воздушни струи кога лета авионот.
Истражувањата во минатото за брзината и локацијата на северот на Атланик откриле само мали промени со текот на времето. Експертите велеа дека недостатокот на драматични промени е поради тоа што климатските промени создаваат различни ефекти на различни височини.
Последната студија пак има поинаков пристап. „Само затоа што брзината не се менува, не значи дека авионските струи не се менуваат на други начини“, вели професорот Пол Вилијамс, ко-автор на истражуавањето.
Текстот објавен во списанието „Природа“, ја мери промената во брзината на ветерот со височините, познат како вертикален ефект.
„Колку повисоко одите, толку станува поветровито“, вели тој.
Со користење на три различни датабази од сателиските набљудувања, тие забележале зголемување од 15 отсто на вертикалниот ефект помеѓу 1979 и 2017, што одговара на очекувањата од климатските промени.
„Ветерот и температурите се во своевиден баланс во атмосферата. Последицата од тоа е дека е невозможно да се менуваат температурите без да имаат влијание на ветровите“, вели Вилијамс.
Зголемувањето на брзината на ветерот има значајни последици врз авионскиот сообраќај. „Ако вертикалниот ефект стане многу силен и се преместува од едно ниво во воздухот во друго, има голем скок во брзината, што ја предизвикува турбуленцијата“, додава професорот.