КОГА СТЕ ЗАЉУБЕНИ, ИЗБОРОТ НЕ Е ВАШ, ВЕЛИ МАКРОН ЗА БРАКОТ СО 24 ГОДИНИ ПОСТАРАТА БРИЖИТ

    КОГА СТЕ ЗАЉУБЕНИ, ИЗБОРОТ НЕ Е ВАШ, ВЕЛИ МАКРОН ЗА БРАКОТ СО 24 ГОДИНИ ПОСТАРАТА БРИЖИТЕмануел и Брижит Макрон се запознале во средното училиште во кое таа му била професорка (Фото: АП)

    Група новинари со аутистичен спектар успеа да го омекне францускиот претседател Емануел Макрон да проговори за теми за кои што професионални новинари вообичаено не го прашуваат: бракот со Брижит Макрон, неговите пријатели и Владимир Путин.

    Овие новинари се дел од магазинот „Ле Папотан“, основан во 1990 од париски центар за грижа за млади луѓе со аутизам. Меѓу другите, ги имаат интервјуирано и бившите претседатели Жак Ширак и Никола Саркози и актерот Винсент Касел.

    Меѓу најжешките прашања со кои се соочи Макрон беше неговата романса со 24 години постарата Брижит. Таа се викала Брижит Озиер и имала три деца кога се запознала со Макрон во средното училиште каде што тој учел, а таа била професорка. Се венчаа во 2007.

    Запрашан дали како претседател требало да даде пример и да не се жени за својата професорка, Макрон одговори:

    Тука не станува збор за давање пример. Кога сте заљубени, изборот не е ваш. Таа не ми беше баш професорка. Ми предаваше драма, што не е исто“, се обиде да се одбрани Макрон.

    Тој призна дека нема многу пријатели зашто работата му е таква, додека за Путин кажа дека не бил непријатен, иако се сретнале пред да почне војната во Украина, што го опиша како парадокс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира