КОМПАНИЈА ОД КАЛИФОРНИЈА ВРАБОТУВА САМО ЛИЦА СО АУТИЗАМ

    КОМПАНИЈА ОД КАЛИФОРНИЈА ВРАБОТУВА САМО ЛИЦА СО АУТИЗАМГреј Биноист ја основал технолошката компанија „Аутикон“ за да му помогне на својот аутистичен син (Фото: Аутикон)

    Питер, Брајан и Еван работат во мала технолошка фирма што се наоѓа на плажа во Санта Моника и иако така се чини на прв поглед, тоа не е обична компанија.

    „Аутикон“ е една од ретките компании во којашто работат исклучиво лица со некој облик на аутизам. Таа е основана од Греј Биноист, татко на две аутистични деца, кој увидел дека постојат малку работни места што можат да задоволат нивни потреби.

    „Двајцата се неверојатно способни и умни и заслужуваат можност да го покажат тоа. Почувствував дека таа празнина треба да се пополни и дека нема друг начин, освен самиот да преземам нешто“, вели Биноист.

    Тој го почнал бизнисот во 2013 година и денес има повеќе од 150 вработени.

    „Нашата мисија е да дадеме шанса на група која е обесправена. Постојат сегменти во општеството кои не се доволно искористени и луѓето од аутистичниот спектар се еден од нив“, додава тој.

    Питер претходно работел во „нормални“ канцеларии, но тие не биле нормални за него.

    „Ми беше тешко да се снаоѓам и разбирам. Не успеав да воспоставам социјални врски“, вели Питер.

    Според Британското здружение за аутизам, тој погодува еден во сто луѓе, но помалку од четвртина од нив наоѓаат полно вработување.

    Во „Аутикон“ на вработените им е дозволено да носат слушалки, да работат во потемна просторија и да не одат на паузи ако не сакаат. Ако не сакаат директно да комуницираат, тие можат да користат апликации за допишување. Дури имаат право да земат слободни денови, ако се почувствуваат превознемирено.

    „Условите за работа се убави и опуштени. Работиме во отворен простор, а не затворени во коцки. Сите се трпеливи, забавни и те прифаќаат“, вели Брајан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира