КОНКУРС ЗА СОВРЕМЕНИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА – НОВ ПРОЕКТ НА „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“

    КОНКУРС ЗА СОВРЕМЕНИ БАЈКИ ОД МАКЕДОНИЈА – НОВ ПРОЕКТ НА „БРАВО СИНЕ!“ И „АРС ЛАМИНА“„Горди сме што во изминатиот период во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, реализиравме навистина успешни проекти“, - Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето посветено на нејзиниот починат сопруг со нивната ќерка Вера го претставуваат новиот проект. (фото: Имиџ ПР)

    „Современи бајки од Македонија“ е новиот проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс ламина“. Тие ги повикуваат авторите да пишуваат бајки за деца, со што ќе се збогати фондот на литература од современи автори за најмладите.

    Движењето и издавачот досега работеа на изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“, кои беа инспирирани од македонското народно творештво, адаптирано на нов современ стил со автентични авторски илустрации.

    Тие најавуваат дека во следниот период ќе биде објавен и конкурс за „Современи бајки од Македонија“, на кој ќе можат да учествуваат сите писатели што сакаат да креираат современи бајки, наменети за најмладите.

    „ Поддршката на креативците е нашата основна мисија и навистина сме горди што во изминатиот период во чест на големиот креативец Иво Лауренчиќ, реализиравме навистина успешни проекти. Но, уште поголемо задоволство ни преставува фактот што со нашата поддршка им дадовме можност на млади креативни авотори, кои денес се веќе признати професионалци во својата област“, вели Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“

    Движењето е основано во спомен на Иво Лауренчиќ, експерт за маркетинг кој почина на 13 мај 2013 година.

    Едицијата „Бајки од Македонија“ е преведена е на неколку светски јазици, а отпечатено е и издание со Брајово писмо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира