КОРОНАВИРУСОТ ПРОНАЈДЕН ВО СПЕРМАТА НА ЗАРАЗЕНИ МАЖИ, ВЕЛАТ КИНЕСКИ ИСТРАЖУВАЧИ

    КОРОНАВИРУСОТ ПРОНАЈДЕН ВО СПЕРМАТА НА ЗАРАЗЕНИ МАЖИ, ВЕЛАТ КИНЕСКИ ИСТРАЖУВАЧИПознато е дека многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт, но не мора да се заразни (Фото: Гети)

    Новиот коронавирус може да се задржи во спермата и откако пациентите ќе почнат да оздравуваат, велат кинески истражувачи, покренувајќи го прашањето дали тој може да се пренесува и преку секс.

    Тим од болницата во Шангкју тестирал 38 пациенти кои се лекувале таму и кај 16% од нив биле пронајдени траги на коронавирусот во спермата. Една четвртина од нив биле во акутна фаза на заразата, а 9% заздравувале, соопшти тимот.

    „Откривме дека коронавирусот САРС-ЦоВ-2 може да биде присутен во спермата на заразени пациенти, дури и кај оние кои заздравуваат“, изјави Дијангенг Ли од Општата воена болница во Пекинг.

    Ова не е изненадувачко откритие, бидејќи е познато дека многу вируси можат да живеат во машкиот репродуктивен тракт. Траги на ебола и зика биле пронајдени во спермата на пациенти дури и неколку месеци по нивното оздравување. Тоа, сепак, не значи дека вирусот и натаму е заразен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира