КОВИД-19 МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА МОЗОЧЕН УДАР КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ ЛЕКАРИ

    КОВИД-19 МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА МОЗОЧЕН УДАР КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИ ЛЕКАРИПостојат сѐ повеќе докази дека КОВИД-19 може да предизвика згрутчување на крвта (Фото: Гети)

    Новиот коронавирус може да предизвика мозочен удар кај лица во 30-ти и 40-ти години кои не се многу болни, велат американски лекари.

    Постојат сѐ повеќе докази дека КОВИД-19 може да предизвика згрутчување на крвта на необични начини, а една од последиците на тоа е мозочен удар.

    Д-р Томас Оксли, неврохирург од клиничкиот центар Маунт синај во Њујорк, и негови колеги ги објавија деталите за петте пациенти што ги третирале. Сите имале помалку од 50 години и имале благи симптоми на КОВИД-19 или воопшто ги немале.

    „Се чини дека вирусот предизвикува зголемено згрутчување во големи артерии, што може да доведе до мозочен удар. Нашиот извештај покажува седумкратно зголемување на случаи на ненадеен мозочен удар кај млади пациенти во изминатите две недели. Повеќето пациенти немале претходна медицинска историја и биле дома со благи симптоми на КОВИД-19. Сите имале позитивен тест на коронавирус“, изјави Оксли.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари