КРАЛОТ НА ТАЈЛАНД ПРЕД КРУНИСУВАЊЕТО СЕ ОЖЕНИ СО СВОЈА ТЕЛОХРАНИТЕЛКА

    КРАЛОТ НА ТАЈЛАНД ПРЕД КРУНИСУВАЊЕТО СЕ ОЖЕНИ СО СВОЈА ТЕЛОХРАНИТЕЛКАКралот Ваџиралонгкорн истура света вода врз главата на кралицата Сутида на церемонијата на венчавањето (Фото: ЕПА)

    Кралот на Тајланд се ожени со заменик-шефицата на своето лично обезбедување и ја назначи за кралица, само неколку дена пред да почнат церемониите на неговото крунисување в сабота. Тој досега трипати се женеше и од овие бракови има вкупно седум деца.

    Шеесет и шестгодишниот крал Маха Ваџиралонгкорн стана уставен монарх во 2016 година, по смртта на неговиот татко Бумибол Адулијадеџ, кој седеше на тронот цели 70 години и беше омилена фигура во земјата.

    „Кралот Ваџиралонгкорн одлучи да го промовира генералот Сутида Ваџиралонгкорн На Ајудхја во кралица Сутида и таа ќе држи кралски титула и статус како дел од кралското семејство“, се вели во кралското соопштение.

    Кралицата Сутида е долгогодишна партнерка на кралот и цело време заедно се појавуваа во јавност, иако нивната врска досега не беше официјализирана.

    Кралицата Сутида е поранешна стјуардеса на „Таи ервејс“, која во 2014 година стана заменик командир на личното обезбедување на кралот, а две години подоцна беше промовирана во генерал на армијата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари