КРИСТОФЕР КОЛУМБО БИЛ ЕВРЕИН ОД ШПАНИЈА, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    КРИСТОФЕР КОЛУМБО БИЛ ЕВРЕИН ОД ШПАНИЈА, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕПортрет на Кристофер Колумбо од сликарот Себастијано дел Пјомбо. (Фото: Метрополитен музеј на уметноста)

    Мистеријата стара неколку века околу националноста на Кристофер Колумбо изгледа дека е решена од страна на научници, според нов документарен филм.

    Користејќи ДНК анализа, научниците утврдиле дека морепловецот од 15. век бил Евреин од Шпанија. Документарниот филм беше емитуван вчера на шпанската национална телевизија, по повод годишнината од неговото пристигнување во Новиот свет.

    Истражувачите, предводени од форензичкиот експерт Мигел Лоренте, тестираа примероци од останките погребани во катедралата во Севилја, каде што се верува дека е погребан Колумбо, Тимот ги според примероците со негови познати роднини и наследници.

    Потеклото на Колумбо долго е спорно и многу историчари се противеа на традиционалната теорија дека бил од Џенова, денешна Италија. Има и теории дека бил Грк, Баскиец и Португалец.

    Истражувањето на националноста беше компликувано поради голем број фактори, но Лоренте тврди дека резултатите се речиси апсолутно доверливи.

    Колумбо починал на 55 години во шпанскиот град Валјадолид во 1506 година, но негова желба била да биде погребан на островот Хиспаниола, каде што денеска се наоѓаат Хаити и Доминиканска Република. Неговите останки биле однесени таму во 1542 година, потоа преместени во Куба во 1795 година и се верува дека во 1898 година биле донесени во Севилја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира