ЛАНИ ВО ОСЛО ЗАГИНАЛО САМО ЕДНО ЛИЦЕ ВО СООБРАЌАЈКИ

    ЛАНИ ВО ОСЛО ЗАГИНАЛО САМО ЕДНО ЛИЦЕ ВО СООБРАЌАЈКИВоведувањето на ограничувања за автомобили придонесе да се намали бројката на сообраќајни несреќи во Осло (Фото: Гети)

    Во сообраќајните несреќи во Осло минатата година загинало само едно лице, велат официјални податоци.

    За првпат во историјата, во текот на една година не загинало ниту едно дете под 16 години во сообраќајни несреќи во целата земја. Сепак, вкупната бројка на загинати е поголема во споредба со 2018 година – 110 наспроти 108.

    Податоците на Норвешката администрација за јавни патишта откриваат дека во изминатите 50 години бројката на смртни случаи во сообраќајни несреќи на улиците на главниот град драстично се намалила, откако во 1975 ги имало 41.

    Во 2017, Норвешка имаше најниска стапка на смртни случаи во сообраќајки во Европа – 20 инциденти на еден милион жители. Весникот „Афтенпостен“ објави дека таа година загинале три лица во Осло.

    Во Лондон, пак, до почетокот на декември, лани имаше 126 загинати, 22 повеќе во споредба со 2018.

    Најопасните земји за возење во Европската Унија се Бугарија и Романија, каде што просекот е 90 загинати на еден милион жители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира