ЛЕГЕНДАРНИТЕ БРИТАНСКИ РОКЕРИ „ЏЕТРО ТАЛ“ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ ВО ОКТОМВРИ

    ЛЕГЕНДАРНИТЕ БРИТАНСКИ РОКЕРИ „ЏЕТРО ТАЛ“ ДОАЃААТ ВО СКОПЈЕ ВО ОКТОМВРИГрупата веќе половина век ја предводи пејачот, гитарист и флејтист Јан Андерсон

    Легендарниот британски рок бенд „Џетро тал“ во октомври ќе настапи во Скопје, во рамките на својата светска турнеја, со којашто одбележува половина век од постоењето.

    Иако групата на својата официјална интернет-страница сѐ уште ги нема објавено датумите за октомври, од „Авалон продукција“ потврдија дека „Џетро тал“ ќе одржи концерт во Скопје, на 16 октомври во СРЦ „Кале“.

    Предводени од пејачот, гитарист и флејтист Јан Андерсон, единствениот константен член на групата од нејзиното основање во 1967 година, „Џетро тал“ во 2014 година објавија дека престануваат со работа, за три години подоцна да објават дека одат на нова светска турнеја. Ова треба да биде следено од нов албум, прв од 2003 година, што е планирано да излезе наредната година.

    Основани како блуз рок група, „Џетро тал“ низ годините во својата музика вклучија и елементи на хард рок, фолк рок и прогресивен рок, создавајќи импресивна дискографија од 21 студиски албум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира