„ЛИЧЕН ШОФЕР“ НУДИ УСЛУГА ДА ВЕ ОДНЕСЕ ДОМА СО ВАШАТА КОЛА АКО СТЕ ПИЈАНИ

    „ЛИЧЕН ШОФЕР“ НУДИ УСЛУГА ДА ВЕ ОДНЕСЕ ДОМА СО ВАШАТА КОЛА АКО СТЕ ПИЈАНИЦената за личен шофер да ве земе од местото каде се наоѓате и да ве однесе дома е 400 денари до 7 километри, а секој нареден километар се наплатува 50 денари. - Флаери кои се делат низ локалите во Скопје (Фото: СДК.МК)

    „Личен шофер“ ќе ве земе од местото каде сте излезени и ќе ве однесе до дома за да не возите пијани.

    Во кафулињата и кафаните низ Скопје се делат флаери „Личен возач – Ти пиј, ние ќе возиме“ на кои стои број на кој може да се повика личен шофер кој до дома ве враќа со вашата кола.

    „Не се изложувајте на ризици, не возете под дејство на алкохол. Тука сме за вас, доколку сте излегле со автомобил и непланирано сте се запиле. Повеќе нема потреба да ја оставате колата, па следниот ден повторно да доаѓате по неа. Слободно опуштете се, ние ќе го донесеме вашето возило заедно со вас до вашиот дом. Вие пиете, ние возиме“, стои на флаерите и на нивната Фејсбук страна.

    Цената за личен шофер да ве земе од местото каде се наоѓате и да ве однесе дома е 400 денари до 7 километри, а секој нареден километар се наплатува 50 денари.

    „Откако ќе ни се јавите доаѓаме за десетина минути ако се наоѓате во центарот на градот. До местото каде сте излезени доаѓаме двајца шофери, едниот ја вози вашата кола и ве оставаме до дома. Со другиот шофер потоа се враќаме на друга локација од каде имаме повик. Задоволни сме сега засега, има интерес. Голем број на граѓани навечер излегуваат со кола и ако се запијат мора другиот ден да одат по неа или пак за да не ја остават возат пијани. Ние нудиме услуга граѓаните да стигнат безбедно дома заедно со возилото“, ни рече лицето кои се јави на телефонскиот број кој е оставен за контакт на флаерот.

    На Фејсбук страната Личен шофер, се бараат и возачи. Платата е 12.500 денари, плус 5 отсто од секој остварен промет.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира