ЛУЃЕТО СО КРВНА ГРУПА А СО НАЈГОЛЕМ РИЗИК ОД КОВИД-19, НАЈМАЛ РИЗИК ИМААТ ТИЕ СО НУЛТА ГРУПА, СУГЕРИРА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

    ЛУЃЕТО СО КРВНА ГРУПА А СО НАЈГОЛЕМ РИЗИК ОД КОВИД-19, НАЈМАЛ РИЗИК ИМААТ ТИЕ СО НУЛТА ГРУПА, СУГЕРИРА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕВо студијата, објавена во Медицинскиот журнал на Њу Ингланд, научниците прегледале 1.610 пациенти со КОВИД-19 во Италија и Шпанија, од местата кои што беа најтешко погодени како Милано, Монца, Мадрид, Сан Себастијан и Барселона. (Фото: Дојче Веле)

    Случаите на болеста КОВИД-19 може да имаат благ до сериозен тек, понекогаш нема воопшто симптоми, а понекогаш луѓето умираат. Ново истражување сугерира дека крвната група може да игра важна улога, влијаејќи на одговорот на имуниот систем.  Фактот што болеста КОВИД-19 може да има толку различни текови прави да биде многу тешко да се утврди колку луѓе навистина се заразени колку веќе имаат развиено имунитет. Научниците истражуваа каква улога може да игра крвната група кај пациентите со сериозна форма на болеста.

    Во студијата, објавена во Медицинскиот журнал на Њу Ингланд, научниците прегледале 1.610 пациенти со КОВИД-19 во Италија и Шпанија, од местата кои што беа најтешко погодени како Милано, Монца, Мадрид, Сан Себастијан и Барселона. Сите пациенти имаа посебно тешка форма на болеста, некои не преживеаа.

    Резултатот од истражувањето е дека луѓето со крвна група А се поризични да имаат сериозен тек на болеста КОВИД-19. Според истражувањето, на пациентите со крвна група А можно е да им е потребен дополнителен кислород или респиратор во случај на инфекција со коронавирус двапати почесто од пациентите со крвна група 0. Луѓето со крвна група 0, иако не се заштитени од инфекција со коронавирус, изгледа дека имаат најмал ризик да имаат сериозен тек на болеста.

    Крвните групи Б и АБ не се толку распространети како крвните групи А и 0, и ризикот за нив е некаде помеѓу.

    Резултатите од истражувањето може да помогнат во развојот на различни терапии. Истражувачите користат слични пристапи кога бараат лекови за борба против други болести.

    Во случајот на маларија, на пример, научниците утврдија врска меѓу болеста и различните крвни групи. Познато е дека лицата со крвна група 0 многу ретко развиваат сериозни симптоми и се добро заштитени од болеста.

    Кај други болести, други крвни групи го заштитат телото. На пример, во случај на чума, луѓето со крвна група А покажуваат најблаги симптоми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира