„ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ДА СОБИРААТ ПОЕНИ И БЕНЕФИЦИИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА „ЛУКОИЛ КЛУБ“

    „ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА“ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ДА СОБИРААТ ПОЕНИ И БЕНЕФИЦИИ ПРЕКУ ПРОГРАМАТА „ЛУКОИЛ КЛУБ“Поените се собираат со трансакции направени на продажните места на „Лукоил Македонија“, при што секој поен има вредност од еден денар

    Лукоил Македонија“ воведе нова програма за лојалност за физички лица наречена „Лукоил клуб“, преку која членовите добиваат поени и бенефиции, односно своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат во маркетите на „Лукоил“ и да искористат многубројни акциски поволности.

    Поените се собираат со трансакции направени на продажните места на „Лукоил Македонија“, при што секој поен има вредност од еден денар. За да станат членови на „Лукоил клуб“, потребно е корисниците да поседуваат број од македонски мобилен оператор, на кој ќе добијат СМС со четирицифрен код, со кој ќе можат да пристапат во програмата.

    Има два начина за пристапување во програмата: или со подигнување картичка од која било бензинска пумпа на „Лукоил“ со наточено гориво од најмалку 1.000 денари или со преземање на мобилната апликација Lukoil Club Macedonia преку GooglePlay или AppStore. Таа станува активна веднаш, без услови при регистрацијата.

    „За нашите клиенти правни лица веќе имавме активна програма за картички, меѓутоа отсега и нашите потрошувачи физички лица можат да уживаат бројни привилегии и поволности. Нашата програма за лојалност е единствена преку која со собраните поени може повторно да се купи и гориво“, изјави Андреј Куку, регионален управител на „Лукоил Македонија“.

    Во мобилната апликација може да се креира и „Круг на пријатели“, односно да се додадат картички со чии сопственици може да се споделуваат поените.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира