Поп кралицата Мадона фалшираше на специјалниот настап на финалето на Евровизија вечерва во Тел Авив.
Мадона е специјална гостинка на Евровизија, за чиј настап медиумите пишуваат дека е вреден 1.3 милиони долари. Taa ги изведе класикот „Како молитва“, во чест на 30-годишнината од излегувањето на истоимениот албум и новиот сингл „Иднина“ со американскиот рапер Кваво, во придружба на 35-член хор.
Коментарите во странските медиуми се дека ова беше невообичаен и рамен настап за поп кралицата, а британски „Телеграф“ пишува дека настапот на Мадона бил срамен и разочарувачки.
Мора да сонувате, да работите и да го заслужите вашето место на сцената, рече поп кралицата Мадона вечерва во Тел Авив, Израел, на финалето на Евровизија 2019.
„Сите вие сте победници. Мора да го заслужите местото каде што сте сега“, им рече таа на учесниците.
„Верувајте во моќта на музиката“, рече Мадона и ги повика учесниците со неа да ги испејат стиховите од нејзината песна „Музиката ги тера луѓето да се зближат“.