Група мајмуни украла примероци од крв на пациенти кои се тестираат на коронавирус во владина болница во индиската сојузна држава Утар Прадеш.
„Инцидентот се случил кога лаборант вработен во одделот за КОВИД-19 во болницата носел примероци од крв на тестирање“, изјави шефот во болницата, С. К. Гарг.
Според него, мајмуните го нападнале лаборантот и му украле кутија со три примероци од крв. Мајмуните избегале на дрво со украдените примероци и ги фрлиле откако ги изџвакале опаковките.
Од болницата кажаа дека ниту едно лице на дошло во контакт со примероците и дека областа е дезинфицирана.