МАКЕДОНИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА

    МАКЕДОНИЈА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈАМакедонската група „Ај Кју“, во состав: Бојан Трајковски и Марија Ивановска, настапи со со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found) (Фото: Евровизија)

    Македонија не влезе во финалето на 63. Евровизија во Лисабон, Португалија. Од 19-те учесници на првата полуфинална вечер, пласман во финалето за сабота обезбедија: Австрија, Естонија, Кипар, Литванија, Израел, Чешка, Бугарија, Албанија, Финска и Ирска.

    Македонската група „Ај Кју“, во состав: Бојан Трајковски и Марија Ивановска, настапи со со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found).

    Mузиката и текстот ги напиша Трајковски, а аранжманот е на Дарко Димитров.

    Мотото на годинашното европско музичко натпреварување е „Тргнуваме“ (All board). Втората полуфинална вечер е в четврток.

    Годинава Евровизија ја водат 4 водителки: Филомена Каутела, Силвија Алберто, Катарина Фуртадо и холивудската актерка Даниела Руа.

    Македонија нема влезено во финалето на на евровизиското музичко натпреаварување од 2012 година.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира