МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА Е НАША ДУХОВНА ХРАНА ВО ДОБРО И ЗЛО, ПЕТРЕСКА И ПУПИНОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ЗЛАТНА БУБАМАРА

    МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА Е НАША ДУХОВНА ХРАНА ВО ДОБРО И ЗЛО, ПЕТРЕСКА И ПУПИНОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА ЗЛАТНА БУБАМАРАФолк-легендите ја изведоа нивната заедничка песна „Песната може сè“. (Фото: К. Попов)

    Со овации и долги аплаузи синоќа беа поздравени македонските фолк-легенди Блага Петреска и Ефто Пупиновски на 26. издание на Златна бубамара на популарноста.

    Фолк-пејачите добија специјални награди за животно дело, а со Хорот „Мирче Ацев“ ја изведоа нивната заедничка песна „Песната може сè“ , а публиката коментираше дека беа ѕвезди на вечерта.

    „Благодарност до убавата македонска песна, која нè поддржува и во доброто и во злото и е наша духовна храна. Да живее нашата убава македонска песна“ , рече Пупиновски, а Петреска се надоврза „Песната може сè“.

    Награда за животно дело доби и српскиот пејач Мирослав Илиќ, како и авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски кои ги имаат напишано најпопуларните фолк хитови, постхумна награда за животно дело доби и хармоникашот Милан Завков. Јаков Дренковски доби награда за животно дело од забавната музика, а хрватскиот пејач Џибони е награден за трајни музички вредности во рок музиката и настапи заедно со Влатко Стефановски.

    Во областа на филмот и театарот наградени се Наташа Петровиќ – за најдобра филмска актерка, Александар Микиќ – за најдобар актер, Сашка Димитровска – за најпопуларна актерка, театарска претстава на годината е „Илуминати“ од Театар Комедија. Писателот Венко Андоновски е писател на годината за најновата книга „Папокот на светлината“.

    Наградата за албум на годината е за групата „Некст тајм“ за „Мајка“, а за ДНК е група на годината, „Меморија“ за концерт на годината. Никола Мицевски доби награда за композитор на годината, Џамбо Агушев и неговиот оркестар со награда за прва труба на Македонија, а наградата на најдобра балетска претстава ја доби „Госпоѓиците од Авињон“ на НОБ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира