МЛАДИ ИНОВАТОРИ ДОБИЈА ПАРИ ЗА РАЗВОЈ НА ИЗУМИ ЗА ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    МЛАДИ ИНОВАТОРИ ДОБИЈА ПАРИ ЗА РАЗВОЈ НА ИЗУМИ ЗА ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТЕден од тимовите кои добија поддршка за развој на идејата - „Од ништо до нешто“ (Zero to hero) e pаметна инвалидска количка, која се управува со контрола на очите и има сензори за следење на физичката состојба на корисникот, како и сензори за детектирање предмети. (Фото: УНИЦЕФ)

    Педесетина млади иноватори од државава изминатиов викенд креираа дигитални решенија за инклузија на деца и млади со попреченост. Младите иноватори на возраст од 14 до 24 години работеа на решенија како: бионичка рака и паметна инвалидска количка, па сѐ до мобилни апликации за подобра комуникација и учење. Беа избрани пет тима кои добија финансиски средства и дополнителна менторска поддршка за развивање на своите идеи.

    Глобалниот младински предизвик Џенерејшн анлимитед (Generation Unlimited) 2019/2020 – година се одвива во 40 земји во светот, меѓу кои е и државава.  Во земјава, младите беа поканети да понудат иновативни одговори на прашањето „Како може дигиталната технологија да придонесе кон поактивно вклучување на децата и младите во образованието и во секојдневниот живот?“ .

    Од работилниците кои се одржаа изминатиов викенд. (Фото: УНИЦЕФ)

    „Истражувањата покажуваат дека децата со попреченост имаат подобар образовен и социјален успех кога учат рамо до рамо со своите врсници во редовните училишта. Исто така, истражувањата велат дека вклучувањето на децата со попреченост им помага на сите деца во училницата да научат што е емпатија, праведност, соработка и солидарност, а дека, пак, со овие вредности, се подобруваат оценките и училишните резултати“, вели Патриција ди Џовани, од УНИЦЕФ.

    Во јуни 2020 две финални решенија од земјата ќе конкурираат на светско ниво. Овие решенија ќе имаат шанса за дополнителни средства во износ до 20.000 долари, заедно со глобална програма за инкубација од партнерите на Џенерејшн анлимитед.

    „Младинскиот предизвик – дигитална инклузија“ на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се реализира со Смарт ап со поддршка од Македонскиот извиднички сојуз.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари