НА ДОБРОТВОРНИОТ КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕР ЌЕ НАСТАПАТ И ЏАСТИН БИБЕР И КЕЈТИ ПЕРИ

    НА ДОБРОТВОРНИОТ КОНЦЕРТ НА АРИЈАНА ГРАНДЕ ВО МАНЧЕСТЕР ЌЕ НАСТАПАТ И ЏАСТИН БИБЕР И КЕЈТИ ПЕРИ„Нема да им дозволиме да победи омразата“, го најави концертот американската тинејџерска ѕвезда како одговор на терористичкиот напад на нејзиниот концерт пред две недели кога загинаа 22 лица - Аријана Гранде (Фото: АП)

    Џастин Бибер, Колдплеј и Кејти Пери ќе се придружат на добротворниот концерт на Аријана Гранде што ќе се одржи в недела во Манчестер, помалку од две недели откако по концертот на американската тинејџерска ѕвезда загинаа 22 лица во терористички напад на бомбаш самоубиец.

    На концертот ќе настапат и Фарел Вилијамс, Мајли Сајрус, Ашер и Тејк дет. Парите од картите ќе бидат донирани во хуманитарниот фонд организиран од градот Манчестер и Британскиот црвен крст.

    „Нема да се откажеме, ниту пак ќе работиме во страв. Нема да дозволиме да не разделат. Нема да им дозволиме да победи омразата“, изјави Аријана Гранде.

    „Нашиот одговор на насилството мора да биде заедништвото, да си помагаме меѓусебно, да се сакаме повеќе, да пееме погласно и да живееме уште пољубезно и повелокодушно отколку порано“, стои во пишаната изјава на Аријана Гранде со која таа го најави големиот добротворен концерт во Манчестер посветен на жртвите од терористичкиот напад.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира