НАД 40 МАЈМУНИ ИЗБЕГАЛЕ ОД ИСТРАЖУВАЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ВО САД

    НАД 40 МАЈМУНИ ИЗБЕГАЛЕ ОД ИСТРАЖУВАЧКА ЛАБОРАТОРИЈА ВО САДМајмуните макаки се познати како агресивни, но од компанијата уверуваат дека нема опасност за јавноста (Фото: Гети)

    Американската полиција лови 43 мајмуни кои избегале од истражувачка лабораторија во Јужна Каролина откако чувар ја оставил отворена вратата од нивното надворешно живеалиште. Мајмуните од видот макаки-резус избегале од компанијата „Алфа џенезис“ која одгледува примати заради медицинско тестирање и истражување.

    Властите им порачаа на локалните жители да ги држат вратите и прозорците затворени, додавајќи дека избеганите мајмуни се млади женки со тежина од над три килограми.

    „Компанијата ја лоцираше групата скитници и се обидува да ги намами со храна. Не им се доближувајте на животните под кои било услови“, објави полицијата, додавајќи дека низ областа се поставени стапици.

    Од компанијата ѝ рекле на полицијата дека мајмуните се премлади за да бидат носители на болести и дека врз нив досега не биле вршени тестирања.

    „Од 50-те мајмуни, само седум не избегаа. Се надеваме на среќен крај и дека сами ќе се вратат кај нас“, изјави Грег Вестергард, извршниот директор на „Алфа џенезис“.

    Мајмуните макаки се познати како агресивни, но Вестергард уверува дека нема опасност за јавноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира