НАЈГОЛЕМИОТ РУСКИ СЕРИСКИ УБИЕЦ ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА 56 УБИСТВА

    НАЈГОЛЕМИОТ РУСКИ СЕРИСКИ УБИЕЦ ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА 56 УБИСТВАМихаил Попков тврди дека ја чистел областа на градот Ангарск од неморални жени (Фото: АФП)

    Михаил Попков, опишан како најголемиот руски сериски убиец, е осуден на доживотен затвор за убиство на 55 жени и еден полицаец.

    Педесет и тригодишниот поранешен полицаец ги извршил убиствата во близина на Иркутск од 1992 до 2007 година. Тој беше фатен во Владивосток во 2012 година врз основа на ДНК-доказ пронајден во неговиот автомобил и во прв момент беше осуден за 22 убиства.

    Тој ги наоѓал своите жртви нудејќи им превоз во ноќни часови, по што ги убивал со чекан и секира, а нивните искасапени тела ги закопувал во шуми. Сите жртви биле на возраст од 15 до 40 години, а десет од нив биле и силувани.

    Попков тврдеше дека ја чистел областа на градот Ангарск од неморални жени. Експертите утврдиле дека тој не е луд, но имал патолошка потреба да убива.

    Неговиот убиствен поход ги надминува оние на Александер Пишучкин и на Андреј Чикатило, на кои им се докажани 48, односно 52 убиства.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира