Израелските медиуми јавија дека најстариот човек на земјата кој ги преживеал двете светски Војни и холокаустот, Израел Кристал, умре еден месец пред да наполни 114 години.
Ќерката на Кристал изјави дека татко ѝ умрел во петокот. Таа рече дека татко ѝ гледал добро во сè.
Гинис му додели на Кристал сертификат за најстар човек на светот во март минатата година.
Кристал бил роден во Полска. За време на Втората светска војна бил одведен во Аушвиц и други концентриони логори на фашистите. Двете негови деца и првата жена умреле во Аушвиц.
Кристал бил единствениот кој преживеал од неговата голема еврејска фамилија.
По војната се преженил и во 1950 година се преселил во Израел каде што основал фамилија и бизнис.