НАУЧНИЦИ ПРВПАТ ПРОНАШЛЕ ЖЕНСКИ КОСКИ НА СВЕТА ГОРА, КАДЕ ШТО НА ЖЕНИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТ ПРИСТАП

    НАУЧНИЦИ ПРВПАТ ПРОНАШЛЕ ЖЕНСКИ КОСКИ НА СВЕТА ГОРА, КАДЕ ШТО НА ЖЕНИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТ ПРИСТАПКоските се пронајдени под камениот под на византиска капела и се верува дека таму биле преселени од друго место (Фото: Фаидон Хаџиантониу)

    Научници објавија дека на гробиштата на Света Гора пронашле неколку векови стари коски што речиси сигурно припаѓаат на жена, што претставува голема мистерија за нив.

    Тие се пронајдени меѓу други коски под камениот под на византиска капела и се верува дека таму биле преселени од друго место со големо внимание.

    „Некои коски се толку мали што не можат да бидат машки. Пронајдени се подлактица, потколеница и крсна коска кои целосно се разликуваат по своја морфологија. Коските никогаш не лажат“, вели антропологот Лора Вин-Антикас, која била повикана да помогне во анализите.

    Света Гора, каде што христијанството во континуитет е присутно речиси 1.800 години, е дом на 20 манастири и пристап имаат само мажи. На жените им е забрането да го посетуваат полуостровот, а не смее да има ни женски животни, со исклучок на мачки. Иако Европската Унија ја прогласи оваа забрана за илегална, таа и натаму е на сила. За 2.500-те монаси кои живеат во тамошните пештери, колиби и манастири, Богородица Марија е единственото прифатливо женско присуство.

    „Ако ова навистина се женски коски, тоа ќе биде прв познат случај во историјата жена да почива на Света Гора“, вели реставраторот Фаидон Хаџиантониу.

    Тој шпекулира дека коските би можеле да ѝ припаѓаат на жена со име Сташа, која била сопруга на земјопоседникот од 16. век Барбул, кој живеел во манастирот со своите синови.

    Останките се испратени во високо специјализирана лабораторија во Атина за натамошни испитувања.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира