НЕ ЧЕКАЈТЕ СИМПТОМИ, ОДЕТЕ НА РЕДОВНИ ПРЕГЛЕДИ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР НА ПРВИОТ „РОЗЕВ БАЗАР“ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК НА ДОЈКА

    НЕ ЧЕКАЈТЕ СИМПТОМИ, ОДЕТЕ НА РЕДОВНИ ПРЕГЛЕДИ, РЕЧЕ АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР НА ПРВИОТ „РОЗЕВ БАЗАР“ ЗА БОРБА ПРОТИВ РАК НА ДОЈКААмбасадорката Агелер и сопругата на Претседателот Елизабета Георгиевска напишаа пораки до болните од рак на дојка и нивните семејства. (Фото: Амбасада на САД)

    Денеска во Скопје се одржа првиот „Розев базар“ посветен на борбата против ракот на дојка. Американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер и сопругата на Претседателот Елизабета Георгиевска заедно со присустните напишаа пораки до болните од рак на дојка и нивните семејства за поддршка на нивната битка со болеста.

    „Ракот на дојката е битка што можеме да ја добиеме преку образование, рано откривање и пристап на секој пациент до здравствена заштита. Не чекајте симптоми, одете на редовни прегледи. Ова си го должите себеи и на вашите најблиски“, кажа амбасадорката Агелер.

    Базарот го организираше Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти ЕЗРА.

    „Имајќи предвид дека борбата против ракот на дојка, како и другите видови рак, не завршува на крајот на октомври, кој е светски месец посветен на борбата против оваа болест, ние во ЕЗРА решивме да го организираме овој настан откако ‘замолкнаа розовите ѕвона’ и да ги потсетиме сите дека борбата против ракот на дојка трае преку цела година“, вели организаторот.

    Настанот е дел од проектот Национална кампања за кревање на свеста рак на дојка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира