НЕ ГИ ЈАДЕТЕ ВАШИТЕ БОЖИЌНИ ЕЛКИ, ПРЕДУПРЕДИ БЕЛГИСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА

    НЕ ГИ ЈАДЕТЕ ВАШИТЕ БОЖИЌНИ ЕЛКИ, ПРЕДУПРЕДИ БЕЛГИСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНАГрадскиот совет на Гент предложи да се прави супа од борови иглички (Фото: Шатерсток)

    Белгиската Федерална агенција за храна (ФАСФЦ) ги предупреди граѓаните да не ги јадат божиќните елки, откако властите на Гент го предложија ова за да се намали отпадот.

    „Божиќните елки не се наменети за јадење“, кажа портпаролката на ФАСФЦ Елен Бонт.

    Според агенцијата, најголем дел од божиќните елки се прскаат со пестициди и други хемикалии за да се зачува нивниот изглед и да се заштитат од штетници, со што не се безбедни да се консумираат како храна.

    „ФАСФЦ не се согласува со вакви иницијативи. Тоа не е безбедно“, изјави Бонт.

    Минатата недела, градскиот совет на Гент почна кампања за начини на рециклирање на божиќните елки по завршувањето на сезоната. Еден од предлозите беше да се направи супа од борови иглички, инспирирано од традиционален скандинавски рецепт.

    „Вашата елка може да се јаде ако не е тиса и ако не е прскана со огноотпорен спреј“, кажаа градските власти на Гент.

    Бонт појасни дека постои голема разлика помеѓу комерцијално одгледувани божиќни елки и борови што природно растат и се користат во одредени скандинавски рецепти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира