НЕПАЛ ЌЕ ГО ОСЛОБОДИ СЕРИСКИОТ УБИЕЦ СЕРПЕНТ, ЗА КОГО „НЕТФЛИКС“ СНИМИ ХИТ-СЕРИЈА

    НЕПАЛ ЌЕ ГО ОСЛОБОДИ СЕРИСКИОТ УБИЕЦ СЕРПЕНТ, ЗА КОГО „НЕТФЛИКС“ СНИМИ ХИТ-СЕРИЈАСображ беше поврзан со повеќе од 20 убиства извршени меѓу 1972 и 1982 година (Фото: Гети)

    Францускиот сериски убиец Шарл Сображ, за кого „Нетфликс“ сними хит-серија, ќе биде ослободен од непалскиот затвор. Сображ, познат по прекарот Серпент, помина 19 години во затвор за убиството на двајца туристи во Катманду во 1975. Тој доби наредба да се врати во Франција во рок од 15 дена.

    Сображ се поврзуваше со низа убиства на туристи и неговите жртви најчесто беа млади луѓе од западот кои беа на хипи патување по Индија и Тајланд.

    Озлогласениот сериски убиец служеше две казни доживотен затвор, секоја по 20 години, за убиството на Американката Кони Џо Бронзич и нејзиниот канадски пријател Лоран Кариер. Тој беше осуден на две одделни судења, последното во 2014, кога доби 20 години затвор за убиството на Кариер. Сепак, врховниот суд на Непал нареди ослободување на Сображ, прифаќајќи ја петицијата на неговите адвокати кои се повикаа на неговите возраст и добро однесување.

    Сображ беше поврзан со повеќе од 20 убиства извршени меѓу 1972 и 1982 година, при кои жртвите биле дрогирани, задавени, тепани или запалени. Пред двете пресуди во Катманду, тој помина две децении во затвор во Индија поради труење на група француски туристи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира