НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА СО ПРЕДРАСУДИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ВО НОВАТА КАМПАЊА НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“

    НИКОЈ НЕ СЕ РАЃА СО ПРЕДРАСУДИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ВО НОВАТА КАМПАЊА НА „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“Новиот спот, во кој се појавува актерот и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството коешто нѐ опкружува.(Фото: Македонски Телеком)

    Македонски Телеком“ ја продолжува комуникациска платформа #НаправиМесто којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање и прифаќање. Оваа година, фокусот е ставен на надминувањето на предрасудите коишто градат бариери и создаваат ѕидови меѓу луѓето.

    Новиот спот во кој се појавува актерот и шоумен Игор Џамбазов, раскажува приказна за тоа дека не се раѓаме со предрасуди, туку дека нив ги учиме од светот и од општеството коешто нѐ опкружува.

    Наративот на оваа кампања е базиран на отвореноста на детскиот ум којшто со нетрпение чека да го запознае светот и потсетува колку се важни вредностите што ги стекнуваме како деца. Создавањето на вредностите започнува од најмали нозе и тие треба да бидат базирани на почит, толеранција и вистинска конекција. Намалување наместо истакнување на разликите. Зближување наместо создавање граници. Секој лош збор, секој охрабрен стереотип и секое погрешно верување може да биде болка во нечиј животот. Ама и секој кренат глас, секоја добра мисла и секој хуман гест можат да бидат пример којшто ќе покаже дека предрасудите и стереотипите можат да се победат“, велат од Телеком.

    Новата кампања повторно повикува на вистинско поврзување и рушење на бариерите. Со адресирање на предрасудите и повикот за нивно надминување, Македонски Телеком како бренд продолжува да работи на градење вистинска поврзаност помеѓу луѓето.

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира