НИКОЛА РИСТАНОВСКИ СО „ПИРЕЈ“ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА МОДНА РЕВИЈА СО МАКЕДОНСКА МУЗИКА СО КОЈА НА КАМЕНИОТ МОСТ „КОКЕВ“ ПРОСЛАВИ 20 ГОДИНИ

    НИКОЛА РИСТАНОВСКИ СО „ПИРЕЈ“ ЈА ОТВОРИ ПРВАТА МОДНА РЕВИЈА СО МАКЕДОНСКА МУЗИКА СО КОЈА НА КАМЕНИОТ МОСТ „КОКЕВ“ ПРОСЛАВИ 20 ГОДИНИПрвата ревија досега на Камениот Мост беше проследена исклучиво со македонска музика со хитови од „Архангел“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „ДНО“, и други домашни музичари.  (Фото: К. Попов)

    За првпат на Камениот мост во Скопје се одржа уникатна модна ревија, на која брендот „Кокев“ прослави 20 години постоење и ја претстави новата јубилејна колекција.

    За првпат во Скопје се одржа модна ревија на Камени мост (Фото: К. Попов) 

    Ревијата беше проследена исклучиво со македонска музика со хитови од „Архангел“, „Пи-Ем-Џи колектив“, „ДНО“, и други домашни музичари.  Музичкиот избор за време на настанот беше на диџејката Соња Исмаил.

    Ревијата ја отвори актерот Никола Ристановски кој читаше делови од романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски. (Фото: К. Попов)

    Ревијата ја отвори актерот Никола Ристановски со текст од романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски.

    Колекцијата е инспирирана од лебедот, паунот и рисот (Фото: К. Попов)

    Симболиката на „Пиреј“ беше поврзана и со сценографијата на мостот, на чии пукнатини беа поставени цвеќиња како асоцијација на истрајноста и животот што повторно никнува.

    (Фото: К. Попов)

    На ревијата беше претставена колекција инспирирана од лебедот, паунот и рисот, чии карактеристики беа пренесени преку различни силуети, текстури и детали.

    Дизајнерката Тања Кокев со ќерката Клара која е креативна директорка на брендот (Фото: К. Попов)

    Јубилејот означи и нова етапа за брендот. По две децении во кои дизајнерката Тања Кокев го основаше и го развиваше „Кокев“, нејзината ќерка Клара Кокев влегува во студиото како нова креативна директорка.

    Тања и Клара Кокев во иднина заедно ќе работат на неговиот развој.

    Музичарот Ристо Вртев и актерката Ана Стојановска (Фото: К. Попов)

    Гостите на почетокот ги пречека харфистката Мерсиха Шукри, а по ревијата беше организирана забава со диџеј Славе пред Музејот на македонската борба.  Камениот мост беше избран како локација што симболично ги поврзува минатото и иднината.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира