Употребата на нова „револуционерна“ класа лекови со која можат да се третираат разни видови тумори за првпат беше одобрена во Европа.
Овој агностичен лек препознава генетска абнормалност и го напаѓа туморот без разлика каде се наоѓа во телото и британските лекари кои го тестирале изјавија дека се „многу возбудени околу оваа нова работа“. Името на одобрениот лек е „larotrectinib“ и двегодишно девојче од Бристол беше еден од првите пациенти кои имале корист од него.
„Знаевме дека нашите опции се ограничени и затоа се решивме да пробаме и мило ми е што направивме така. Имавме можност да видиме како Шарлот расте и заздравува со голема брзина. Таа сега може да има релативно нормален живот и најважно од сѐ, лекот имаше неверојатен ефект на туморот“, изјави нејзината мајка Естер.
Туморот кај Шарлот бил предизвикан од генетска абнормалност позната како фузија на гени и таа не е својствена само за еден тип рак.
„Позитивно е што лекот делува на разни видови рак, тој напаѓа абнормалност“, изјави д-р Џулија Чисолм од Кралската болница „Марсден“.