НОВА ПОНУДА НА ПАЗАРОТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ БИЗНИСИ – ДО ХИПОКРЕДИТ САМО СО ЗАЛОГ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

    НОВА ПОНУДА НА ПАЗАРОТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ БИЗНИСИ – ДО ХИПОКРЕДИТ САМО СО ЗАЛОГ НА НЕДВИЖЕН ИМОТСо аплицирање за Хипокредит, со залог на недвижен имот, може да се добие кредит до 4.000.000 денари и со рок на отплата до 15 години. (Фото: Диџитал Фајнанс Интернешал)

    Финансиското друштво Диџитал Фајнанс Интернешал почна да нуди нов кредитен производ, наменет за бизнис корисниците, соопшти компанијата. Станува збор за кредит обезбеден со залог на недвижен имот, во висина до 4.000.000 денари и рок на отплата до 15 години.

    Како што велат од компанијата, основната идеја е поттикната со желба во кризата настаната од ковид пандемијата да се помогне на приватниот сектор, кој е важен столб во економијата во земјава и еден од начините е токму обезбедувањето на парични средства преку Хипокредит, кој може да ги покрие речиси сите потреби. Хипокредит е наменет за компаниите на кои им е потребна помош за полесно пребродување на кризата која ги погоди сите со пандемијата, но и да се постигне напредок во работата на посакуваниот начин.

    Со аплицирање за Хипокредит, со залог на недвижен имот, може да се добие кредит до 4.000.000 денари и со рок на отплата до 15 години. Трошоците за кредитот се повисоки споредено со хипотекарните кредити што ги даваат банките, но погодната и поедноставена процедура, адаптирана за да му овозможи на крајниот корисник брзо и лесно да дојде до посакуваните средства е од огромна предност. Средствата се добиваат во просек од 7 до 10 дена од аплицирањето и самиот недвижен имот не е задолжително да биде во сопственост на компанијата. На пример, директор на мала компанија може да го заложи својот стан или деловен простор и за брзо време да дојде до потребните средства за својата компанија.

    Во своето портфолио на кредитни производи, освен хипотекарните кредити Хипокредит, финансиското друштво Диџитал Фајнанс Интернешнал нуди останати типови на кредити, кои овозможуваат финансиска поддршка во сите облици и за сите потреби. Во портфолиотот е брендот Форца, кој е наменет за физички лица, со брзи позајмици до 30.000 денари со рок на отплата од 30 и 60 дена и исплата во рок од 15 минути. Во понудата е и Креди до 180.000 денари и рок на отплата до 36 месеци.

    Она што е обележје на сите продукти е брзината и леснотијата за доаѓање до потребните парични средства, а тоа е воедно и една од најголемите погодности за овој тип на кредитирање и притоа не постојат скриени трошоци. Повеќе информации за Хипокредит на hipocredit.mk или на телефонот 071 22 11 00.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира