НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ЛИМУЗИНА НА ТРАМП ВРЕДИ 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ГО ШТИТИ ОД СИТЕ МОЖНИ ВИДОВИ НАПАДИ

    НОВАТА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА ЛИМУЗИНА НА ТРАМП ВРЕДИ 1,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ГО ШТИТИ ОД СИТЕ МОЖНИ ВИДОВИ НАПАДИСо тежина од речиси девет тони, и новата верзија го има соодветниот прекар Ѕвер (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп пристигна во Обединети нации со нови, засилени мерки на безбедност, откако за првпат се провозе во новата претседателска лимузина.

    Како и нејзиниот претходник, која почна да се користи од инаугурацијата на Барак Обама во 2009 година, и новата лимузина го има прекарот Ѕвер, што совршено ѝ одговара, имајќи предвид дека тежи речиси девет тони.

    Замислена да изгледа како издолжена верзија на „кадилак екс-ти6 седан“, нејзината вредност се проценува на 1,5 милиони долари и е дизајнирана така да го заштити претседателот од сите можни видови напади. А, доколку по некој случај, сепак биде повреден, Ѕверот содржи големо количество медицински материјал, вклучувајќи фрижидер полн со резерви соодветна крв.

    Иако деталите за новата лимузина се држат во тајност, се верува дека таа е опремена со најразлични технологии и дека е направена од мешавина на челик, алуминиум и керамика. Херметички е заштитена од биохемиски напади и опремена со разни видови лесно оружје. За секој случај, таа секогаш е придружувана од конвој возила, вклучувајќи и дополнителна лимузина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира