НОВАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ПРВПАТ СЕ СПУШТИ БЕЗ ДА ЕКСПЛОДИРА

    НОВАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ПРВПАТ СЕ СПУШТИ БЕЗ ДА ЕКСПЛОДИРАПретходните четири обиди завршија неславно во најразлични фази од тестот (Фото; Ројтерс)

    „СпејсЕкс“ ја лансираше и за првпат успешно приземји својата футуристичка ракета „старшип“, со која Илон Маск во иднина планира да праќа луѓе на Месечината и Марс. Ова следува откако претходните четири обиди завршуваа со експлозија во најразлични фази од тестот на полигонот во Тексас.

    Последниот, надграден прототип на ракетата полета 10 километри над Мексиканскиот Залив, по што се сврте и почна да се спушта хоризонтално, поставувајќи се вертикално токму на време за приземјувањето. Пожар во основата на 50-метарската ракета брзо беше изгаснат и таа остана мирно да стои по шестминутниот лет.

    „Приземјувањето беше како според книги“, напиша Маск на Твитер.

    Пред помалку од еден месец, НАСА го избра „СпејсЕкс“ за превозник на нејзините астронаути до површината на Месечината во наредните години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира