НУРКАЧОТ ПАСКАЛИ ГО СНИМИ ПОДВОДНИОТ СВЕТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ЗА ВРЕМЕ НА СНЕЖНА ЛУЊА

    НУРКАЧОТ ПАСКАЛИ ГО СНИМИ ПОДВОДНИОТ СВЕТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ЗА ВРЕМЕ НА СНЕЖНА ЛУЊАТука ништо не допира од она што се случува на површината, вели Никола Паскали (Фото: СДК.МК)

    Познатиот охридски нуркач Никола Паскали го сними подводниот свет на Охридското Езеро додека над градот беснееше снежна луња.

    Да се нурка во вакви услови е посебно доживување, вели Паскали (Фото: СДК.МК)

    „Кога се нурка во вакви услови, тоа е посебно доживување. Над езерото беснее снежна вејавица, а кога си на длабочина од десетина метри, можеш да го почувствуваш само чудесниот спокој што го дава подводниот свет. Тука ништо не допира од она што се случува на површината. Меѓу растителниот и животинскиот свет на дното на езерото владее хармонија. Тоа треба да се види и доживее”, вели Паскали.

    Тој е член на подводниот центар „Акватек” и изминативе години интензивно го истражува подводниот свет на Езерото. Познати се неговите фотографии од праисторискиот чамец, што го откри на локалитет кај Свети Наум.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари