ОБЈЕКТОТ НА „АЛКАЛОИД“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИКЛУЧЕН НА ГАС

    ОБЈЕКТОТ НА „АЛКАЛОИД“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРИКЛУЧЕН НА ГАССо оваа инвестиција од милион евра „Алкалоид“ дава придонес во намалување на загадувањето и исполнување на строгите еколошки стандарди.(Фото: Алкалоид АД Скопје)

    Објектот на „Алкалоид АД Скопје“ во Ѓорче Петров ќе користи природен гас, со цел да придонесе во намалување на загадувањето и користењето еколошки горива. Деновиве завршија активностите за изведба на нов подземен гасовод на локалитетот, пуштање во употреба на два нови парни котли и санација на постојните инсталации.

    „Како општествено одговорна компанија, која се грижи за животната средина и за здравјето на граѓаните,‘Алкалоид‘ придонесува за намалување на загадувањето и за исполнување на строгите еколошки стандарди.  Со воведувањето на природниот гас во индустриските и енергетски капацитети на локалитетот Ѓорче Петров, се создаваат услови за негово максимално искористување, за поголема економичност во вкупната потрошувачка на енергенси во компанијата и за намалување на трошоците за одржување на постојната опрема“, велат од „Алкалоид АД Скопје“.

    Вкупната инвестиција е еден милиони евра во рамките на планот за капитални вложување за 2019 и 2020 година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира