Температурите неделава се спуштија до минус 50 степени Целзиусови во Јакутск, за време на ненормално долгиот студен бран во сибирскиот град познат како најстудениот на земјата. На 5.000 километри источно од Москва во вечниот мраз на рускиот Далечен Исток, жителите на рударскиот град често гледаат дека термометарот редовно паѓа многу под минус 40.
„Не можеш да се избориш. Или се прилагодуваш и се облекуваш соодветно или страдаш“, рече Анастасија Груздева, излезена надвор со две марами, два пара ракавици и повеќе капи и качулки. „Навистина не го чувствуваш студот во градот. Или можеби само мозокот те подготвува за тоа и ти кажува дека сè е нормално“, додаде таа во градот обвиен со ледена магла.
Друг жител, Нургусун Старостина, кој продава замрзната риба на пазар без потреба од фрижидер или замрзнувач, вели дека нема посебни тајни за справување со студот.
„Само облечи се топло“, вели таа. „Во слоеви, како зелка!”