Во клубот на Роторуа во Нов Зеланд, членовите се среќаваат секоја недела за да си направа свој мртовечки ковчег. Клубот веќе има околу 100 учесници, а освен старци, има и млади со тешки болести.
Сето ова започна во 2010, кога медицинската сестра Кејти Вилијамс размислуваше за можните активности за старите луѓе. Без некое големо познавање на работењето со дрво, 78-годишната Кејти собра неколкумина од своите пријатели и наскоро клубот беше активен.
Една од членките, Жералдин Лангфорд, вели дека друга важна причина зошто луѓето доаѓаат во клубот е затоа што купувањето ковчег е голем трошок за семејствата. Еден обичен ковчег во Нов Зеланд чини околу 175 долари. „Ниту квалитетното дрво ниту пак златото не се споредуваат со ковчегот кој, иако изграден со едноставен дрвен материјал, се декорира со многу љубов, особено ако е наменет за некој член од семејството“, додава Ланфорд.
Таа досега има направено три ковчези – за сопругот, за една драга пријателка, додека својот ковчег го декорирала со цртежи од местата каде планинарела со сопругот.
Други учесници своите ковчези ги дизајнирале во форма на трамвај, со разни цртежи и бои, или како кревет со ќебе, кој може да се користи преку ден.