ОХРИЃАНИ КАЈ СЕЛОТО ЗАВОЈ БЕРАТ ПЕЧУРКИ ВРГАЊ ОД ПОЛОВИНА КИЛОГРАМ

    ОХРИЃАНИ КАЈ СЕЛОТО ЗАВОЈ БЕРАТ ПЕЧУРКИ ВРГАЊ ОД ПОЛОВИНА КИЛОГРАМЖителите во охридско велат дека толку големи печурки досега не виделе. (Фото: СДК.МК)

    Охриѓани деновиве над охридското село Завој собираат џиновски печурки од сортата вргањ. Повеќето од нив се со тежина од половина килограм. Вакви печурки досега не биле забележани на овој простор.

    „Љубител сум на природата и здравиот начин на живот. Често сум на планина и собирам и шумски плодови. Деновиве се изненадив кога кај селото Завој наидов на џиновски вргањ. Собрав неколку печурки со тежина од околу половина килограм. Жителите од овој крај велат дека толкави печурки досега не виделе“, вели Александар Тасески.

    Мештаните од Завој претпоставуваат дека ваквите џиновски печурки се резултат на климатските промени, но и на обилните врнежи од дожд кои го зафатија охридскиот крај.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира