ОПРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО 2020

    ОПРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО 2020ТВ ѕвездата Опра Винфри учествуваше во кампањата на Барак Обама во 2008 година и ја поддржа Хилари Клинтон во 2016 година. - Винфри на „Златните глобуси“ (Фото: АП)

    По нејзиниот исклучителен говор на „Златните глобуси“ ноќеска, големото прашање денеска е: Дали Опра Винфри е заинтересирана за претседателска кандидатура?

    Одговорот е: Да. Според двајца нејзини блиски пријатели, кои побараа да останат анонимни за да зборуваат слободно, за „Си-Ен-Ен“ велат дека познатата водителка активно размислува да се кандидира за претседател на САД во 2020 година. Истите извори велат дека нејзините соработници приватно ја охрабруваат да се кандидира. Сепак, таа сè уште нема дефинитивно решено околу потенцијалната кандидатура.

    Претставниците на Винфри немаат коментар.

    Трката во Демократската партија нема официјално да почне сè до изборите за Конгресот годинава во ноември, но многу потенцијални кандидати веќе се борат за подобра стартна позиција и патуваат во Ајова, каде што почнуваат примарните избори.

    „Претседателка Винфри“ беше најчесто употребуваната фраза во светот на забавата откако Винфри ја прими наградата „Сесил Би Демајл“ на „Златните глобуси“, а прашањето „Опра за претседател?“ беше главна вест на утринските програми во САД.

    Винфри учествуваше во кампањата на Барак Обама во 2008 година и ја поддржа Хилари Клинтон во 2016 година. За време на кампањата на Клинтон, таа зборуваше за можноста Америка да добие претседателка и кажа: „Америка, време е да донесеме таква одлука“.

    Како што посочија политичките стратези изминатава година, нејзините слава и богатство ќе ја направат сериозен кандидат на Демократската партија. Но, тие имаат и сомнежи: Дали Американците навистина би избрале телевизиска ѕвезда за претседател двапати по ред?

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира