ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА ЛЕТНАТА БАЛЕТСКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“

    ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА ЛЕТНАТА БАЛЕТСКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“Школата е наменета за од 7 до 12 години, а пријавувањето трае од денес до 14 јуни

    „Еуролинк осигурување“ по петти пат организира летна балетска школа, наменета за деца на возраст од 7 до 12 години.

    Пријавувањето почнува од денес, до 14 јуни на  [email protected], со испраќање на следните генералии: фотографија на детето, возраст, тежина, висина, број на балетанки, информација за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.

    „Педесет  момчиња и девојчиња и оваа година ќе имаат можност да ги изучуваат основните техники во класичниот балет, притоа развивајќи ги координацијата на движењето, слухот, чувството за ритам, елеганцијата во движењето“, велат од компанијата.

    Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи според возраста и претходното искуство, започнувајќи од 25 јуни до 16 јули 2018 г., секој понеделник, среда и петок со почеток од 18 и 19 часот, во просториите на „Булфрог Балетско училиште“ на ул. „Миле Поп Јорданов“ бр. 68, кула 12, под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Македонската опера и балет.

    На сите учесници ќе им биде обезбедена бесплатна балетска униформа.

    „Балетската школа организирана од ‘Еуролинк осигурување’ претставува еден од начините да се регрутира идната балетска публика, но и можност за рано насочување на деца што имаат талент да се занимаваат со сценска игра. Балетските вежби се внимателно приспособени за возраста на децата“, велат од „Еуролинк“.
    Активноста е дел од платформата за Корпоративно општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, уметноста и образованието во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира