ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА ЛЕТНАТА БАЛЕТСКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО ПРВЕНЕЦОТ ГОРАН БОЖИНОВ

    ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА ЛЕТНАТА БАЛЕТСКА ШКОЛА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“ СО ПРВЕНЕЦОТ ГОРАН БОЖИНОВОд ланската Летна балетска школа под менторство на Горан Божинов, каде младите учесници се запознаваа со основните техники на класичниот балет

    „Еуролинк осигурување“ по шести пат организира балетска школа, наменета за момиња и девојчиња на возраст од 7 до 12 години.

    Пријавувањето ќе трае до 11 јуни, на електронската адреса: [email protected], со испраќање на податоците: фотографија на детето, возраст, висина, тежина, број на балетанки, информации за претходно балетско искуство и контакт-телефон од родителот.

    „’Еуролинк’ балетската школа досега успешно воведе 210 деца во техниките на класичниот балет, а за некои од нив балетот стана нивна професионална определба и веќе ја посетуваат редовната настава во Државниот музички балетски училишен центар. Педесет девојчиња и момчиња во летниот период ќе ја следат наставата под менторство на Горан Божинов, педагог и првенец во Националната опера и балет“, велат од компанијата.

    Летната балетска школа ќе трае три недели, учесниците ќе бидат поделени во две групи, според возраста и претходното искуство. Часовите започнуваат од 19 јуни до 10 јули секој понеделник, среда и петок со почеток од 18 до 19 часот и од 19 до 20 часот, во просториите на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.

    Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја врши Божинов. Активноста е дел од платформата за корпоративна општествена одговорност„Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, која годишно реализира повеќеа ктивности од областа на културата, уметноста и образованието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира