ПАПАТА ДОБИ АСТРОНАУТСКО ОДЕЛО СО БЕЛ ПЛАШТ

    ПАПАТА ДОБИ АСТРОНАУТСКО ОДЕЛО СО БЕЛ ПЛАШТ„Планирајте го моето патување“, се пошегува 81-годишниот папа на средбата во Ватикан со астронаутите од Меѓународната вселенска станица (Фото: Ројтерс)

    Астронаутите од Меѓународната вселенска станица му подарија на папата Фрањо сино одело, но за да се разликува од нивните, му додада бел плашт.

    „Бидејќи облеката го прави човекот, одлучивме да направиме исто астронаутско одело како нашето за вас“, му рече италијанскиот астронаут Паоло Несполи на папата во Ватикан, на средбата на која присуствуваа уште четворица други ветерани од вселенската станица, тројца Американци и еден Русин.

    На малиот бел плашт го има знамето на Ватикан, логото на НАСА како и извезено името папа Фрањо

    „Добро тогаш, планирајте го моето патување“, се пошегува 81-годишниот папа.

    Несполи рече дека оделото е идентично со нивното и е направено од истиот материјал. Навезено е вистинското име на папата, Хорхе Бергољо како и знамето на неговата родна земја, Аргентина.

    „Видовме дека оделото е одлично изработено, но бидејќи сте Светиот папа,  а Светиот папа има своја униформа, ние направивме и бела наметка“, додаде италијанскиот астронаут.

    На малиот бел плашт го има знамето на Ватикан, логото на НАСА како и извезено името папа Фрањо.

    Несполи беше еден од астронаутите кои беа на бродот на вселенската станица минатата година, кога папата имаше 20-минутен видео повик со нив од Ватикан.

    Во тој разговор, папата им рекол дека Земјата е кревка работа што може дури и да се уништи и дека тие се привилегирани што имаат можност да ја видат планетата „од очите на Бога“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира