ПИОНЕРСКИ ПРОЕКТ НА БРИСЕЛ, БЕЗДОМНИЦИТЕ ЌЕ СПИЈАТ ВО КАРТОНСКИ ШАТОРИ

    ПИОНЕРСКИ ПРОЕКТ НА БРИСЕЛ, БЕЗДОМНИЦИТЕ ЌЕ СПИЈАТ ВО КАРТОНСКИ ШАТОРИКартоните се донација од една фабрика за картони, а шаторите се составувани во затворска работилница (Фото: Белга)

    Бездомниците во Брисел отсега ќе можат да спијат во картонски шатори, во пионерскиот проект наречен „ОРИГ-АМИ“.

    Тие ќе можат и да ги пренесуваат шаторите на грб, додека бараат засолниште низ градот.

    Обичните шатори се забранети во Брисел, па полицијата често ги преместува бездомниците.

    „Овие шатори ќе бидат толерирани од полицијата. Ние се надеваме дека овие шатори ќе им овозможат на бездомниците да имаат каде да спијат“, изјави Ксавиер ван дер Штепен, претседател на невладина организација која стои зад проектот.

    Картоните се донација од една фабрика за картони, а шаторите се составувани во работилница во затворот Лантин.

    Повеќето засолништа во Брисел се исполнети во зимските месеци, а некои бездомници одбиваат да спијат во нив затоа што не сакаат да бидат разделени од своите миленици.

    „Тешко е да се прифати фактот дека во главниот град на една од најразвиените светски држави има над 2.600 луѓе кои спијат на улица“, додаде Ван дер Штепен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира